Видео: Бездомник пронашол чек од 10.000 долари на улица, ги вратил кај сопственичката, а потоа следувало нешто неочекувано

0

Елмер Алварез, бездомник од Њухевен пронашол чек од 10.000 долари на улица. Иако тој не поседува ништо, ниту пак има заработено толку пари, тој одлучи парите да ги врати кај сопственикот.

Чекот ѝ припаѓал на Роберта Хоски, богата американка од Њухевен. Таа била воодушевена од постапката на Алварез, па посакала да направи нешто посебно за него.

Хоски му врачила неколку подароци кои тој никогаш нема да ги заборави. Изненадувањето го пренесувала во живо на Фејсбук и рекла дека Алварез не знае што ќе му се случи.

После тоа, го повикала бездомникот во нејзината куќа и го пофалила неговото дело: “Не си знаел кој може да биди зад овој чек. Не си свесен какво срце имаш”.

Роберта му врачила сертификат, а потоа му подарила целосна стипендија на училиштето Аутрич за недвижности каде таа е претседател.

Исто така му обезбедила часови по англиски јазик, како и советување за кариера и интервју за работа откако ќе ги заврши часовите во училиштето Аутрич.

Алварез бил запрепастен од добрината на богатата Роберта и рекол дека таа го инспирирала да создаде подобра иднина за него и неговата девојка.

Погледнете го видеото.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb