Што се случи со Кевин од „Home Alone“?

0

Сон на секое дете од почетокот на 90-тите години од минатиот век беше да стане како Меколи Калкин. Палавото момче кое го познаваме од филмот „Home Alone“ на 10 години стана голема актерска ѕвезда. Набргу станува милионер, па се обезбедува себеси и своето семејство до крајот на животот.

Тој не беше момче кое само добро глумеше. Одлично се снаоѓаше во се што носеше неговата работа, а неговите гостувања во емисии беа релаксирани, забавни и толку духовити што се чинеше дека зад него стојат години животно искуство.

Во интервјуата често нагласуваше дека сака да води обичен живот каков што живеат и неговите врсници, односно дека без разлика на славата од филмовите и понатаму нормално посетувал училиште.

Пораснал со седум браќа и сестри, а во актерските води го упатил неговиот татко, за кој подоцна тврди дека го вознемирувал психички, вербално, но и физички.

Родителите на славниот Кевин се развеле по тешка судска постапка во која се бореле за старателство над него и за 11 милиони долари кои момчето дотогаш ги имаше заработено.

На 18 години Калкин се вљубува во преубавата актерка Мила Кунис за потоа нивната врска да стане топ тема во Холивуд.

Меѓутоа, Мила го оставила откако Калкин бил уапсен поради дрога.

Пред пет години светот го обиколија фотографии од 32-годишниот актер за кој се тврди дека е тежок зависник од хероин.

Светот се згрози од изгледот на човекот во кој се претворило слаткото момче чии филмови и понатаму се гледаат секој Божиќ.

Медиумите шпекулираа различни причини за неговата одлука да започне со консумација на дрога, а многумина тоа го препишуваа на уништеното семејство и фактите дека татко му физички го малтертирал.

Многумина го доведуваа во прашање и неговото пријателство со Мајкл Џексон, а некои сметаа дека малиот Калкин во Мајкл го барал вниманието кое повеќе не го добивал дома.

Инаку, популарниот актер одел и на лекување од алкохолизам.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb