Nasa ќе лансира Rover на Марс во потрага по живот

0

Вселенската агенција Nasa го откри новиот, подобрен Rover кој ќе биде дел од мисијата на Марс во 2020 година. Од агенцијата се надеваат дека овој Rover ќе најде знаци на живот на „црвената планета“, која засега се смета за ненаселена.

Новиот Rover ќе проба да најде вонземски живот во било која форма на Марс.

Се работи за наследник на Rover-от од 2012 година, кој сѐ уште се наоѓа на Марс. Изгледа многу слично на него и користи слична технологија, но новиот модел ќе биде опремен со седум нови алатки и редизајнирани тркала, тврдат од Nasa.

Новите алатки ќе му овозможат на Rover да истражува и длабоко под површината на Марс, со тоа што ќе биде способен да подига карпи, камења и ќе може да ги скенира за да најде остатоци од органски живот.

„Она што сакаме да го постигнеме со овие мисии е да дадеме одговор на прашањето: Дали сме сами во вселената?“, рече Кен Фарли, еден од научниците кои работат на проектот Марс 2020.

Главната разлика, а воедно и предност, на новиот Rover во однос на Curiosity (стариот) е тоа што тој ќе ги има на располагање податоците од Rover-от од 2012 година, заедно со сите теренски мапи, и тоа ќе му ја направи мисијата полесна.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb