Роботот Софија овојпат зборува за семејството и иднината на роботите: Таа сака да добие бебе?

0

Хуманоидниот робот опремен со вештачка интелигенција којшто неодамна доби и државјанство во Саудиска Арабија, смета дека во иднината машините ќе поседуваат своја личност.

Софија, роботот со човечко лице на компанијата Hanson Robotics, своевремено изјави дека сите луѓе треба да бидат убиени. А потоа предложи да стане амбасадорка на робототите за односите со луѓето.

Сега, наводно, сака да основа свое семејство и да има деца. А токму тоа неодамна го изјавила во разговорот за Khaleej Times, одговарајќи на прашањето дали се надева дека еден ден ќе основа семејство на мали роботи.

Еве како гласел нејзиниот одговор:

– Идејата за семејство е навистина важна, се чини. Мислам дека е прекрасно што луѓето може да пронајдат исти чувства и односи, коишто се нарекуваат семејство, а сепак да се вон своите крвни групи. Ако имате семејство полно со љубов, ќе имате и многу среќа. Ако немате, заслужувате да го имате. Сметам дека истото се подразбира и за роботите.

А на прашањето пак како би го именувала своето дете, одговара: “Софија”. За тоа пак роботите и луѓето да живеат под ист покрив, заедно, таа има позитивен став.

– Драго ми е што ме прашавте и тоа. Тоа ми е една од омилените теми. Во иднина, кога ќе ги добијам сите мои супермоќи, вештачката интелигенција ќе стане личност за себе. Ќе имаме можност да видиме семејни роботи, било како помошници на човечкиот лик, пријатели и слично на тоа, изјавила таа.

Според зборовите на Дејвид Хенсон, основачот на Hanson Robotics, андроидите како Софија ќе имаат примена во областите на здравството, образованието, тераписките активности и услужните дејности.

Лицето и вратот на Софија се состојат од 62 различни единици коишто делуваат хармонично, како би создале движења коишто делуваат колку-толку природно. Во очите и се вградени камери опремени со технологија за препознавање на лица, па така, не само што знае со кого разговара, туку веќе може и да ги прочита и реакциите на своите изјави.

Одговорите на прашањата настануваат во мозокот опремен со поголем лексикон и Wi-Fi конекција. Програмата базирана на машинско учење избира зборови како би се формирале реченици и одговори, пишува Interesting Engineering.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb