Приказна која го обиколи светот: Добила цвеќе од нејзиниот починат татко за последен пат со емотивна порака

0

Емотивната објава на девојката која го добила последното цвеќе од нејзиниот починат татко го обиколи целиот свет.

Имено, таткото на Бејли Селерс починал кога таа имала 16 години, но пред смртта обезбедил таа за секој роденден да добива цвеќе и честитка, сè додека не наполни 21 година.

„Ова е цвеќето кое го добив за 21-от роденден и тоа е последно. Многу ми недостигаш тато”, напишала Бејли во објавата.

Студентката од Ноксвил, Тенеси кажала дека оваа година ѝ е посебно тешка, затоа што знаела дека е последна.

„Откако мојот татко почина, го мразев својот роденден затоа што тој секогаш го правеше да биде посебен. Посебно ми беше страв поради својот 21-ви роденден, затоа што знаев дека е последна година. Бев скршена. Писмото кое го добив е феноменално и тажно во исто време.

Напишал дека тоа е неговото последно љубовно писмо сè додека повторно не се сретнеме. “Не сакам повеќе да пуштиш ниту една солза за мене, бидејќи сум на подобро место. Биди среќна и живеј го животот. И понатаму ќе бидам со тебе на секоја раскрсница, само погледни околу себе и јас ќе бидам тука”, пишувало во дел од писмото.

Нејзиниот татко Мајкл бил дијагностициран со рак на штитната жлезда, две недели по Божиќ во 2012 година. Тој починал шест месеци подоцна, а зад себе ја оставил сопругата и четирите деца. Објавата за неговото последно цвеќе е споделена повеќе од 300.000 пати и добила повеќе од еден милион лајкови.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb