Го изгубил синот и го направил најтажниот список со совети, неговата порака расплака милиони

0

Една година по смртта на три годишниот Хјуи неговиот татко напиша моќна порака која расплака многумина.

До неа дошло по секојдневното мислење, а резултатот се овие силни мисли кои на многумина ќе им ги отворат очите.

-Никогаш не можете да го сакате премногу, да го галите вашето дете. Никогаш не е премногу.

-Најдете секој ден доволно време за своето дете. Ништо не е толку важно за да не може да го оставите и да се посветите на вашето дете.

-Фотографирајте и снимајте ги секој ден. Што и да прават, создаваат спомени кои на вас родителите во еден момент може да ви бидат единственото што од нив ќе ви остане.

-Не ги трошете парите на своите деца, трошете го своето време. Тоа е она што им е потребно на децата.

-Пејте со децата. Заедничкото пеење, рамо до рамо и насмевка до насмевка на сите ќе ви овозможи магични и среќни моменти.

-Негувајте ги малите работи и малите моменти. Ништо не е беззначајно дури ни во мрзеливата недела.

-Немојте никогаш да дозволите да оди некаде без вашиот бакнеж. Дури и ако заборавите, вратете се да ги бакнете.

-Глупирајте се дури и кога работите нешто секојдневно и навидум беззначајно.

-Запишувајте ги вашите спомени. Децата толку многу работи прават секој ден, не дозовлувајте времето да ги избрише тие прекрасни спомени.

-Ако имате дете, немојте никогаш да заборавите дека сте благословени бидејќи може да ги бакнете, да им дадете појадок, да ги испратите на училиште, да ги подготвите на студии, да ги однесете пред олтар. Толку моменти во кои може да уживате, ако имате со кој да уживате.

Сподели.


Коментарите се затворени.