4 митови за неверството во кои треба да престанете да верувате

0

Неверствата се насекаде околу нас, а во денешно време полесно е да се набројат парови кои не биле изложени на неверство, отколку оние кои биле. Како и кај секоја работа поврзана со љубовта, така и кај неверството постојат бројни митови во кои треба да престанете да верувате.

Неверството секогаш е резултат на несреќна врска

Иако често навистина е, некогаш е сплет на други околности. Личноста може да биде среќна во врската или бракот, но сепак да има потреба од неверство. Луѓето се склони кон потрага по уживање, а кога го бараат, не значи дека треба да бидат несреќни со тоа што веќе го имаат, туку се љубопитни.

Неверството значи крај

За некои, ваквото неверство е дефинитивен крај на односите, но за некои е шанса својот однос да го изградат од почеток. Кризата понекогаш е добра прилика за нов почеток, а неверствтоо може да биде баш тоа.

Една неверен, секогаш неверен

Уште еден мит кој треба да се разбие. Личностите кои се впуштаат во неверство, често се враќаат на старо, но тоа никако не значи дека не можат да се променат и да станат верни.

Мажите изневеруваат поради секс, жените поради емоции

Ни во овој случај не постои правило. Постојат жени кои изневеруваат затоа што сакаат жежок и возбудлив секс, постојат мажи кои изневеруваат бидејќи им недостасуваат емоции во врската во која се наоѓаат. Не може да се генерализира.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb