86-годишна баба вооружена тргнала да ограбува банка: Мислела дека ѝ украле 400 долари, земала пиштол и направила хаос!

0

86-годишната старица која тешко се движи и користи бастун, била уапсена во Филаделфија во вторникот, откако вперила пиштол во банкарска службеничка и побарала 400 долари, соопштила полицијата.

Изворите наведуваат дека Емили Коакли била во истата банка ден порано, но дека кога ги пребројувала своите пари, помислила дека “ѝ скратиле” 400 долари.

Жената потоа земала пиштол и бастун и се вратила по остатокот од парите.

Полицијата брзо реагирала и ја уапсила бабата. Каокли е обвинета за напад, грабеж и закана.

“Тоа е прилично необично. Никогаш не сум слушнал некој да ограби банка во тие години”, рекол еден од очевидците.

Агентите на ФБИ при истрагата откриле дека пиштолот не бил наполнет, но дека жената носела муниција со себе.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb