Претставен е уште еден робот чии што движења се морничаво реални…

0

Кинезите развија робот-куче кој што има „течни“ движења слични на најдобриот пријател на човекот.

Разликата е во тоа што овој „пријател на четири нозе“ конзумира само електрична енергија, а со него може да си играте како со секое куче.

Наречен е “Laikago” според името на советското куче Лајка кое што беше првото куче во историјата кое што беше испратено во орбитата на планетата Земја. Роботот-куче развиен од кинеските инжинери тежи 22 килограми и е висок 60 сантиметри.

„Тоа е средно автоматски робот. Многу е популарен меѓу научните и технолошките компании, но и фановите на науката. Тој е вистинска научна играчка“, изјави Ванг Синг Синг, креаторот на роботот-куче “Laikago”.

Овој робот може да трча и да ги имитира движењата на кучињата и станува збор за вториот робот-куче кој што е претставен во рок од неколку месеци, откако неодамна BostonDynamics го претставија својот робот.

Почетната цена на “Laikago” изнесува 25 илјади долари, а се очекува во иднина да биде поевтин.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb