Зошто сè повеќе жени си го задржуваат моминското презиме?

0

Истражувачи од универзитетот Невада направиле истражување кое го нарекле „Сексуални улоги“. Истражувањето е за тоа како околината ги гледа мажите чии жени го задржале своето моминско презиме.

(1)zoshto-se-povekje-zheni-si-go-zadrzhuvaat-mominskoto-prezime-kafepauza.mk

Некогаш се претпоставувало дека жените мораат да го земат презимето на сопругот по венчавањето, а денес сè поголем број жени го зачувуваат своето. Според новите истражувања ова има влијание на перцепцијата на другите за нивните мажи.

Авторите го спроведиле истражувањето преку анкета меѓу студенти од Велика Британија и САД. Нивна задача била да предвидат сценарио во кое хетеросексуалната жена се одлучува да го задржи своето презиме после венчавањето. Потоа одговарале на прашања за мажот. Резултатите покажале дека овие мажи ги сметале за неспособни поради одлуката на нивните сопруги.

(2)zoshto-se-povekje-zheni-si-go-zadrzhuvaat-mominskoto-prezime-kafepauza.mk

„Ако жената го одбере презимето на мажот, тоа покажува дистрибуција на моќ во нивниот однос“, изјавила Рејчел Робнет, една од авторите

(3)zoshto-se-povekje-zheni-si-go-zadrzhuvaat-mominskoto-prezime-kafepauza.mk

Истражувањето исто така покажало дека жените кои ја донесуваат оваа одлука се различно сфатени. Често се опишувани како амбициозни, уверливи и посилни, додека овие особини претходно им се припишувале на мажите. Робнет смета дека луѓето кои се занимаваат со такви претпоставки не отстапуваат од традиционалната улога на „непријателски сексисти“.

(4)zoshto-se-povekje-zheni-si-go-zadrzhuvaat-mominskoto-prezime-kafepauza.mk

„Знаеме и од претходни истражувања дека луѓето кои имаат изразен непријателски сексизам реагираат негативно на жените кои ги кршат традиционалните правила“, изјавила Рејчел

kafepauza

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb