Штипјанец проверувал пиштол…куршум му завршил во рака откако оружјето случајно пукнало !

0

32-годишниот штипјанец Л.П. вчера во канцеларија во агенција за обезбедување на лица и имот во Штип, го зел пиштолот „Берета“ калибар 7,65мм, кој го поседувал со дозвола за да изврши проверка. Во еден момент дошло до испукување при што си нанел прострелна рана во пределот на десната дланка.

Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип, од каде бил префрлен во Ургентен центар Скопје. По санирање на повредата самоволно ја напуштил болницата.СВР Штип презема мерки за расчистување на случајот.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb