Научниците го имаат одговорот: Зошто чувствуваме привлечност кон други иако сме во среќна врска?

0

Моментално се наоѓате во среќна и исполнета врска, но одвреме-навреме во вашиот стомак се јавуваат “пеперутки” за личност која не е вашиот партнер?

Не грижете се, сè е во ред со вас и со вашата врска.

Чувството на “пеперутки” во стомакот кога тој некој е покрај вас, кога ќе ве погледне, кога ќе ви се насмее или допре е удобно чувство сè додека не се сетите на фактот дека веќе сте во врска која воопшто не е лоша. Но, што го предизвикува ова чувство?

Истражувањето во кое учествувале 1300 луѓе покажало дека 62 отсто од луѓето кои се во среќна врска најмалку еднаш годишно чувствуваат “пеперутки” во стомакот, дури и на самата идеја на флерт со некој друг. Освен тоа, 19 отсто од нив откриле дека ваквите “пеперутки” ги чувствуваат еднаш неделно.

Гледајќи од научна страна, тоа што физички чувствувате дека срцето ви прескокнува од возбуда е всушност само одговор на вашиот организам на стрес. Овој еволуциски одговор на човечкото тело се развил како одговор на опасни ситуации во кои луѓето често се наоѓаат. Тогаш се забрзува работата на срцето и дишењето, а се зголемува и потењето.

А доколку се прашувате зошто ваквото чувство се јавува токму во стомакот, научниците објаснуваат дека тој дел од телото е најчувствителен во ситуации кога сме под интензивен стрес. Секако, чувството на привлечност кон некого не е никаква животна опасност, но во такви ситуации вашето тело пребурно реагира, а за тоа е виновна, погодувате – еволуцијата.

Со други зборови, “пеперутките” се убаво чувство и не би требале да ве вознемируваат дури и кога се јавуваат во вакви ситуации. Тоа не значи дека вашата врска е во криза, туку флертот со некој е природно чувство и ве прави да се чувствувате добро. Позитивното внимание, од друга страна, дефинитивно придонесува кон тоа добро чувство.

Освен тоа, во долгите врски луѓето честопати “безопасно” флертуваат со други личности бидејќи тоа ги прави да се чувствуваат живи иако немаат никакви намери.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb