Фејсбук Месинџер стана уште подобар: Новата опција ги израдува сите корисници

0

Корисниците на Месинџер месечно испраќаат по 17 милијарди фотографии преку овој сервис.

Фејсбук Месинџер доби поддршка за испраќање на фотографии во 4К резолуција. Резолуцијата која Фејсбук Месинџер ја поддржуваше досега беше 2048 х 2048 пиксели (2К), а со новиот апдејт корисниците ќе имаат можност да испраќаат фотографии до 4096 х 4096 пиксели.

Месинџер автоматски ги компресира фотографиите при испраќањето, со цел да се намали резолуцијата и нивните големини.

Меѓутоа, со тоа што резолуцијата 4К е сè подостапна и попопуларна, од Фејсбук одлучија да додадат и поддршка за UHD резолуција во апликацијата. Големината, наводно, нема да влијае врз брзината на испраќање на големите фотографии.

Поддршката за 4К видео ќе стане постепено достапна на корисниците ширум светот. Најпрвин ќе пристигне на уредите со Android и iOS во САД, Канада, Велика Британија, Австралија, Франција, Сингапур, Хонгконг, Јапонија и Јужна Кореја, а потоа и во останатите земји ширум светот.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb