Потребен ви е плац? Ќе го исушиме морето! Еве како малото кнежевство го решава проблемот со недостиг на земја

0

Во Монако снемало земја и недвижнини за новите милионери, па се размислува за насипи, односно за претворање на морската површина во копно.

Монако е во сериозен проблем поради недостигот на градежна површина. Кнежевството речиси во целост останало без недвижнини и градежно земјиште кое би можело да се продаде, а заинтересирани богаташи има се повеќе.

Се очекува во текот на следните 10 години илјадници нови милионери да сакаат да купат недвижнина во тоа кнежевство, во кое нема даноци на личните приходи.

Според моменталните податоци, 35 проценти од жителите на Монако се милионери.

Во следната деценија, околу 2.700 богаташи ќе бараат недвижнини во Монако, покажало истражувањето на лондонската агенција за недвижнини. За да привлече богаташи, кнезот Алберт Втори од Монако одобрил проект за урбано проширување, вреден 1,7 милијарди евра.

Монако, една од најмалите земји на светот, моментално има само 202 хектари станбена површина, наведува Guardian. Планот е морето да се помести со насипи, па така да се создадат дополнителни шест хектари градежна зона. На тие шест нови хектари планирано е да се изградат 120 станбени единици – станови и вили.

Цената би можела да изнесува 100.000 долари по метар квадратен.

Новата станбена површина е предвидена покрај “Казино де Монте Карло”. Новата населба ќе биде еколошка, бидејќи сите недвижнини ќе бидат од нискоенергетски тип.

Еден од експертите за недвижнини, Едуард де Малет Морган, тврди дека поради огромната побарувачка, цената за метар квадратен во Монако станала “тотално луда”.

За милион долари во Монако можете да купите стан од 17 метри квадратни.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb