Најновиот робот на Тојота може да ги имитира движењата на човекот

0

Јапонската компанија ја претстави третата генерација на хуманоидниот робот “T-HR3” кој што синхронизирано ги следи движењата на луѓето.

Човекот кој што носи VR „хедсет“ на HTC поврзан со камера за да гледа од перспектива на роботот, лесно може да го контролира роботот со помош на бројните сензори и „ракавиците“ кои што ги следат неговите движења.

Роботот “T-HR3” е висок 154 сантиметри и тежи 75 килограми, а инжинерите на Тојота го развиле за да се истражуваат можностите за помагање на луѓето во домаќинствата, медицинските установи, на градилиштата, при катастрофите, па дури и во вселената.

Човекот ќе може да го контролира целото тело на роботот со користење на “MMS” системот (Master Maneuvering System) кој што е составен од 16 серво модули на столица, сензори за движење и сила на стапалата и уште 29 други серво модули сместени во роботското тело.

Кога на пример човекот се помрднува, оваа технологија испраќа сигнали до вкупно 29 роботски компоненти, вклучувајќи ги и десетте прсти кои што синхронизирано се поместуваат. Роботот поседува и контрола на рамнотежа, така што во случај на судир со некој друг објект може да се задржи на нозе.

„Тимот е фокусиран да со помош на технологијата во роботот “T-HR3” се развијат роботи кои што ќе коегзистираат со луѓето и секојдневно ќе им користат“, изјави Акифуми Тамаоки, генералниот менаџер на одделот на Тојота за роботи.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb