Бијонсе најплатена пејачка за 2017 година

0

Изминатите две години Тејлор Свифт беше прва на листата на најплатени пејачки. Оваа година ја замени поп дивата Бијонсе, која во 2017 година заработила 105 милиони долари.

Американската пејачка Бијонсе минатата година го објави долго очекуваниот албум „Lemonade“, за потоа да следи светска турнеја.

Иако поради бременоста мораше да му се посвети на семејството и да одмара, музичарката истовремено редеше и големи успеси.

И токму тие ја доведоа на самиот врв на листата на најплатени пејачки за 2017 година, која ја објави престижниот магазин „Forbes“.

Според овие податоци, пејачката од јуни 2016 до јуни оваа година вкупно забележала заработка од 105 милиони долари.

Веднаш зад неа се наоѓа Адел која одржа светска турнеја. Иако не ја заврши до крај, таа успеа да заработи дури 60 милиони долари.

Тејлор Свифт која како што споменавме две години беше на престижното прво место, сега ја зазема третата позиција.

Нејзината заработка за оваа година е проценета на 44 милиони долари, а се очекува со објавувањето на новиот албум „Reputation“ наредната година да заработи многу повеќе.

Дамата со раскошен глас Селин Дион оствари голем успех оваа година. Заработи 42 милиони и се најде на четвртото место од оваа листа. Зад неа се наоѓа Џенифер Лопез со 38 милиони долари.

Потоа на шестото место e Доли Партон со заработка од 37 милиони долари, па Ријана со 36 милиони, Бритни Спирс со 34 и Кети Пери со 33 милиони долари.

Последното, односно десеттото место и припадна на Барбара Стрејсанд со 30 милиони долари.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb