Екстерната батерија на компанијата Tesla можеби остана во сенка, но веќе е распродадена

0

Компанијата Tesla зад себе има исклучително важна недела во којашто претстави нов електричен автомобил и револуционерен електричен камион, па една “ситница” се чини како да остана во сенка. Се работи за нивната екстерна батерија.

Екстерната батерија може преку microUSB приклучок да полни iPhone, iPad и други уреди. Се работи за екстерна батерија (Powerbank) со капацитет од 3.350 mAh, којашто има облик на минијатурен Tesla Supercharger споменик од дизајнерското студио на компанијата.

И дизајнот на овој уред е веројатно таков бидејќи на пазарот постојат бројни други алтернативи за овој производ коишто се со доста пониска цена, па во овој случај дизајнот е веројатно токму она што му ја донесува предноста на уредот под логото на Tesla.

Цената на екстерната батерија инаку изнесува 45 долари, но таа е веќе распродадена.

Компанијата понуди и десктоп Supercharger полнач, којшто исто така поседува USB порт за приклучување на било каков кабел за полнење.

И тој чини 45 долари, но исто така е веќе распродаден…

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb