Почина гитаристот и основач на AC/DC – Малколм Јанг

0

По тригодишната борба со деменција почина легендарниот гитарист и еден од основачите на групата AC/DC, Малколм Јанг на 64 годишна возраст. Тој подолго време не свиреше во бендот поради болеста. Деменција му беше дијагностицирана во 2014 година, по што се повлече од групата, но и од јавноста.

Веста за неговата смрт ја објави неговиот брат Ангус, кој е исто така гитарист во легендарниот австралиски бенд.

Браќата Јанг ја основаа групата AC/DC во ноември 1973 година. Три години подоцна постигнаа светска слава. AC / DC е австралиски хард-рок бенд и се сметаат за пионери на хеви металот. Станува збор за бенд кој има остјварено највисока заработувачка на сите времиња. AC/DC имаат продадено повеќе од 200 милиони албуми низ целиот свет.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb