Сакате да доживеете нова ски авантура? Направете го тоа во Рогла, Словенија!

0

Планината Рогла не е наменета само за скијање, туку и за нешто повеќе. Во близина на оваа планина се наоѓа и длабоките шуми на Похорја. Дојде и тоа време кога треба да го фатите последниот воз за супер понуди за скијање и да го растресете вашиот паричник.

Поради тоа, заштедете пари за да си овозможите нова ски авантура во Словенија. Ова бајковито место е сместено во Зрече, Похорје во североисточна Словенија. Доколку снегот не е пречка за вашето патување, тогаш веднаш подгответе ги куферите и отпатувајте тука.

Рогла е всушност еден од ски центрите кој нуди најдобри снежни улсови и најдолга скијачка сезона. Но, Рогла не е наменета само за скијање, туку и за нешто повеќе. Во близина на оваа планина се наоѓаат и далбоките шуми на Похорје, а за оние кои се плашат од шумите, имаат добра можност да направат одлични фотографии во беспрекорната природа.

Запознајте се и со езерото Ловренко и прекрасниот водопоад Шумик кој ќе ве воодушеви со зимскиот изглед. Доколку сте љубител на културата, тогаш посетете го манастирот Картус, Етнографскиот музеј на Куќата Скромар, ковачницата Ошлаков и многу други знаменитости.

Ако ве заинтересиравме барем малку, најдете добра понуда и уживајте неколку денови во Рогла каде со сигурност ќе доживеете зимски лудории.

Сподели.


Коментарите се затворени.