Овој хирург ја направи првата трансплантација на човечка глава, следната операција може да биде до крајот на оваа година

0

Научниците успешно извршиле трансплантација на глава на мртво тело и подготвени се тоа да го направат и со жива личност. Хирургот Серхио Канаверо се прослави поради неговите тврдења дека работи на првата трансплантација на човечка глава, додавајќи дека успешниот тест покажало дека неговите планови се остваруваат.

Трансплантацијата на мртво тело покажала дека неговата иновативна техника за поврзување на мозочните нерви и крвните садови успешно спојуваат две тела. Исто така, се вели дека трансплантацијата може да се изврши за 18 часови.

Канаверо истакнува дека ја спроведил првата трансплантација на глава кај човек, што му се овозможува него и на неговиот тим да продолжи со работа. Поради контроверзните тврдења за ваква сериозна операција, Канаверо привлече големо внимание во јавноста.

Неговиот прв пациент ќе биде со кинеско потекло чија глава ќе биде замрзната, а потоа пресадена на ново тело, донор тело.

“Првата трансплантација на човек т.е. мртво тело е готова. Извештајот ќе биде објавен за неколку денови. Сите сметаа дека е невозможно, но успеавме”, додава Канаверо.

Голема е веројатноста следната операција да биде извршена оваа година, некаде во Велика Британија. Пред операцијата на мртво тело, неговиот тим пресадувал глави на глувци и мајмуни.

Научниците предупредуваат дека следната операција може да биде ризична. Покрај можна смрт, постои можност пациентот да се соочува со болки и проблеми со прилагодувањето на новото тело.

Сподели.


Коментарите се затворени.