Германија ги забрани детските паметни часовници

0

Регулаторното телекомуникациско тело во Германија соопшти дека ја забранува продажбата на паметните часовници кои родителите можат да ги користат за да ги проверуваат своите деца, со образложение дека часовниците ги прекршуваат германските закони за прислушување.

Агенцијата информира дека веќе се преземени мерки против неколку фирми кои продаваат вакви часовници преку интернет. Тие инсистираат родителите да ги уништат ваквите часовници, кои се широко достапни за децата од 5 до 12 годишна возраст во Германија.

„Со помош на апликација, родителите можат да ги користат овие часовници за тајно да ги прислушуваат своите деца. Нашата истрага покажа дека родителите ги користеле часовниците за да ги прислушуваат и наставниците на нивните деца во училниците“, изјави првиот човек на агенцијата, Јохен Хоман.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb