Не обидувајте се да го поминете во еден ден: Ова е најопасниот автопат во Австралија

0

Автопатот Ејр (Eyre) има должина од 1.675 километри, и е дел од државниот автопат А1. Ги поврзува Западна и Источна Австралија, односно се простира помеѓу Норсеман во регионот Голдфилдс-Есперанс и седмиот град според населеноста во државата – Порт Аугустa.

Тоа е воедно и единствена асфалтирана делница помеѓу овие две австралиски сојузни држави.

Оригинално е изградена во 40-те години на минатиот век, а името го добила според Edward John Eyre, првиот европски истражувач којшто дошол до Нуларбор. Тој поминал низ многу потешкотии, опишувајќи го овој пат како “одвратна аномалија и вид на место од кое добивате кошмари”. Тој ја преживеал едногодишната експедиција јадејќи гуштери и корени…

Се работи за суво, полупустинско подрачје без ниту едно стебло, на југот на Австралија кадешто минува токму овој автопат.

Во рамките на овој автопат се наоѓа и најдолгата и најрамната делница на светот, којашто е долга 146.6 километри, а која нема ниту еден превој.

И иако на прв поглед никој не би помислил, ниту кажал, Ејр се смета за најопасна делница во Австралија. Причината за тоа е сосема едноставна – автопатот е многу долг, а пределот е толку монотон и едноличен, што возачите често заспиваат зад управувачот.

Поради тоа локалните жители на некои делови од делницата започнале на возачите да им нудат бесплатно кафе.

На поголемиот дел од автопатот брзината на движење е ограничена на 110 километри на час, но ако се најдете на неа токму зад управувачот, не обидувајте се сами да ја изминете споменатата делница во само еден ден. Освен поради заморот и монотониот пејзаж, треба да внимавате и на дивите животни како кенгурите и ноевите, коишто тука се присутни во навистина голем број.

Брзите рефлекси најпотребни ви се во раните мугри и пред зајдисонцето, кога дивите животни излегуваат од своите живеалишта и неретко предизвикуваат бројни сообраќајни несреќи. ..

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb