Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

0

Од СВР-Охрид известуваат дека забележано е безживотно тело во водите на Охридското Езеро во близина на плажата „Бафало бич“, кај мостот на каналот Студенчишта.

Телото во 11 часот и 55 минути го забележал случаен минувач кој се движел на пешачката патека од мостот кај каналот Студенчишта кон „Парк“ на околу два метра оддалеченост од брегот, кој настанот веднаш го пријавил во езерската полиција.

Од полицијата велат дека на посоченото место се врши увид предводен од јавен обвинител и полициски екипи од СВР-Охрид.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb