Македонците на мобилните висат на „Фејсбук“ и „Вибер“

0

Резултатите од испитувањето на јавното мислење за пазарот на електронски комуникации во Македонија на Агенцијата за електронски комуникации покажува дека бројот на корисници на интернет на мобилен телефон преку мобилен оператор е во константен раст од минатата година и сега изнесува 58,6 отсто.

Најголемиот број од корисниците се помлади од 40 години, но исто така се забележува пораст и кај лица под 50 години.

Најголемиот дел од корисниците на интернет преку мобилен, 96,3 отсто, користат апликации за комуникации. Најкористена е „Вибер“ (92,2 проценти), по која следат „Фејсбук месинџер“ (84,4 отсто), „Скајп“ (43,5 отсто) и „Ватс ап“ (25,5 отсто). Повеќе од пола од испитаниците ги користат тие апликации за комуникација преку текстуални пораки (73,1 отсто) и преку разговори (71,6 отсто) секој ден.

Анкетата, спроведена на територијата на Македонија на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници во периодот од 19 до 29 мај годинава, покажува дека бројот на припејд корисници е намален на 28,8 отсто, а корисниците на мобилен телефон сè почесто телефонираат од мобилен на фиксен кога имаат потреба (37 отсто).

Во анекатата, мнозинството од испитаниците кои не користат интернет преку мобилен телефон (51,7 отсто) навеле дека немаат потреба од мобилен интернет, 37,4 отсто немаат соодветен телефонски апарат, а 23, 8 отсто не знаат како да го користат. Лани 3,5 отсто од корисниците на мобилна телефонија го промениле операторот.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb