Мал херој: Роден е 450 грама со тешка болест, но живее како голем борец

0

Малиот Метју Ридл Трети има седум месеци, а многумина би го помешале со новороденче. Кога се родил бил тежок 450 грама, а установена му е тешка болест.

Неговата мајка Женевив Кук од Луисвила морале да ја породат порано отколку што е вообичаено, во 28-та недела. Докторите забележале дека со фетусот нешто не е во ред, па затоа индуцирале породување.

Кога ја видел светлината на денот бил тежок само 450 грама и го облекувале во облека за девојчиња.

– Пред да не пуштат од болница после 98 дена ни кажаа дека има микроцефалија. Ни објаснија дека неговиот мозок престанал да се развива и дека веројатно нема долго да живее, изјавила Женевив за wlky.com.

После три месеци стигнале резултати од новите анализи кои потврдиледека ова дете има редок облик џуџест раст. Тоа што е најважно е дека Метју ќе има нормален живот, може да оди во училиште, да се развива, учи, игра, но секогаш ќе биде мал. Моментално има околу 1,6 килограми.

– Многу луѓе ме охрабруваат и тоа е убаво од нив. Но, постојат и такви кои се шокирани со неговото појавување и не можат да им веруваат на своите очи кога го гледаат, додала мајката на ова дете.

Желбата за живот на овој мал убавец е тоа што го охрабри неговото семејство. И резултатите од анализите се позитивни, така што за некоја година Метју ќе трча низ паркот и ќе ја шутира топката.

Родителите отвориле веб страна преку која собрале околу 7.000 долари, а отвориле и специјална страница на Фејсбук посветена на детето кое има и двајца постари браќа.

Сподели.


Коментарите се затворени.