По примерот на iPhone X: Apple подготвува три нови телефони

0

Сите нови телефони кои што Apple ќе ги претстави идната година ќе имаат екрани без рабови како iPhone X, а најголемиот телефон би требало да има екран со дијагонала од 6,5 инчи.

Откако Apple оваа година го претстави првиот телефон со голем екран од раб до раб, американската компанија за следната година подготвува дури три нови модели кои што ќе бидат дизајнирани по примерот на iPhone X.

Оваа информација доаѓа од еден од најпознатите аналитичари кога е во прашање Apple, Минг Чи Куо од “KGI Securities” кој што тврди дека најголемиот телефон од новите три кои што Apple ќе ги претстави идната година, ќе има екран со дијагонала од 6,5 инчи.

Од трите телефони кои што наводно Apple ги подготвува, два ќе имаат OLED екрани, а еден ќе го има „класичниот“ LCD екран. Освен наследникот на iPhone X кој што ќе има OLED екран, од Apple очекуваме и модел со дијагонала на екран од 6,1 инчи, кој што ќе има LCD екран, но и некои од новите опции како што е FaceID.

Ова најверојатно ќе биде најевтиниот телефон во понудата чија што цена ќе се движи од 650 до 750 долари, но треба да се напомене дека за Apple да ја постигне таа цена, телефонот наводно ќе има пониска резолуција и густина на пиксели (320-330 пиксели), додека iPhone X има густина од 458 пиксели по инч.

Што се однесува до најголемиот модел, Apple моделот со 6,5 инчи ќе го претстави најверојатно како iPhone X Plus, а засега не е познато дали разликата меѓу „обичниот“ и Plus моделот ќе биде само во големината на екранот, или и во некои други спецификации. Исто така интересно ќе биде да видиме каква ќе биде цената на овој модел, со оглед на тоа што iPhone X веќе е најскап телефон на пазарот, а Plus моделите обично доаѓаат со цена од 100 до 200 долари повеќе.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb