Оваа девојка била оставена во сиропиталиште од својата мајка, а сега е светска ѕвезда!

0

Секој човек има различен старт во животот – некој може да е роден со голем талент, но да не го користи својот потенцијал, а некој дошол на свет со многу проблеми и препреки, но со памет и храброст успешно се носат со животот.

Џесика Лонг е родена како Татјана во 1992 година во Братск, мал град во Сибир, со тешка здравствена состојба поради која ѝ биле ампутирани двете нозе. Откако нејзината мајка дознала за дијагнозата на девојчето, таа се одлучила да ја даде на посвојување, бидејќи ѝ напоменале дека шансите за повторно да оди девојчето се многу мали.

Животот на Татјана бил многу тежок, а и условите биле тешки, немале доволно пелени за сите деца. Стивен и Бет Лонг дознале за малата Татјана и од Америка отпатувале во Русија за да ја посвојат. Тогаш Татјана имала само 13 месеци.

Малата Татјана, односно сега Џесика, во целата несреќа имала среќа што била посвоена од семесјтво кое ѝ пружило многу љубов и кои ја советувале дека без разлика на тоа што нема нозе, тоа не значи дека не смее да си ги оствари своите сништа. Таа ставила протези откако ѝ ги ампутирале нозете на 18 месеци, па со нив научила да оди и да плива.

Два месеци подоцна, Џесика станува популарна во параолимпиското пливање, а во тој момент таа сакала да дознае нешто повеќе за нејзините родители. Нејзините родители ѝ рекле дека вистинските мајка и татко ѝ се мртви, но Џесика дознала дека всушност тие се живи и живеат во Братск. Потоа следувало запознавање со вистинските родители.

Наталија, вистинската мајка на Џесика се расплакала кога ја здогледала својата ќерка и ѝ рекла дека многу ѝ е жал. Џесика ѝ простила на нејзината мајка за се, но таа сепак се вратила да живее со вистинските родители за неа, Стивен и Бет.

Сподели.


Коментарите се затворени.