На ова 9-годишно дете животот му бил пекол: Речиси 60 проценти од кожата му била уништена, но лекарите на неверојатен начин му направиле нова

0

Докторите на детето кое живее во Германија и боледува од булозна епидермолиза, тешка болест опасна по живот, изјавиле дека со експериментална генетска терапија успеале да му направат сосема нова кожа.

9-годишниот Хасан, роден во Сирија, пред две години бил сместен во болница во Германија, со ретка, неизлечива болест на кожата, предизвикана од мутација на гените.

Поради таа болест, кожата е многу чувствителна на допир, како крилјата на пеперутката, и речиси цело време е полна со пликови и отворени рани, наведува Washington Post.

За неговиот случај ангажирани биле доктори од Италија, кои земале примерок од кожата на детето и во лабораторија ги додале нејзините клетки на исправна верзија од лошиот ген. Потоа му пресадиле таква генетска модификација на кожата.

По низа операции со кои му бил спасуван животот, детето добило нова, генетски модифицирана кожа, која покрива 80 проценти од неговото тело, наведува “BBC”.

Сега, две години подоцна, неговата кожа изгледа сосема нормално. Докторите наведуваат дека состојбата на момчето до толку напредувала, што повеќе не му се потребни лекови.

Таткото на Хасан рекол дека детето “сега се чувствува како нормална личност”, дека си игра, дека е активен и дека ужива во животот.

Неколку дена по раѓањето, Хасан имал пликови и рани по целото тело, и најголем дел од неговата кожа изгледал како отворена рана.

Бидејќи за булозна епидермолиза нема лек, и 40 проценти од заболените не доживуваат адолесценција, докторите ги подготвувале родителите на Хасан за најлошото.

Еден од докторите во германската болница изјавил дека лекарите прво се одлучиле за палијативна нега, бидејќи “немале шанси да го му го спасат животот на детето”.

Тогаш бил доведен тим од биолози специјалисти за генетска терапија, од италијанските универзитети во Модена и Реџо Емилија, а родителите на Хасан им одобриле да се обидат со експериментална терапија.

Сподели.


Коментарите се затворени.