Reebok со нова лимитирана колекција на патики во соработка со прекрасната Џиџи Хадид

0

Новото поглавје на спортскиот бренд Reebok е под називот #СовршеноНикогаш кој има сè поголемо значење во безвременскиот класик. Ексклузивна и лимитирана серија на патики Club C’85 Melted Metal е дел од приказната #СовршеноНикогаш.

Оваа колекција ја истакнува важноста, веродостојнста и искреноста која една жена треба да ја има. Односно, желбата на брендот е да ја нагласи потребата на жените да се соочат со фактот дека не треба да бидат совршени и тој став треба да биде вреден за славење и воодушевување.

Главниот протагонист на оваа кампања е младата манакенка Џиџи Хадид, личност која е посветена на здравиот и активен начин на живот, која во оваа кампања успешно, спонтано и моќно го прикажува новиот модел на патики.

Club C’85 Melted Metal е нов и реинтерпретиран модел, инспириран со колоритна и сјајна текстура на стопен метал. Горниот дел на патиката е направен од квалитетна кожа со бисерен сјај кој ја нагласува чистата и класична линија која ги прави совршени и “must have” парче. Овој нов стил овозможува удобност, додека високата абразивна гума овозможува поголема стабилност.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb