Новиот “Echo Plus” звучник на „добро утро“ ги подига ролетните, го пали шпоретот и пушта музика…

0

Паметните звучници на „Амазон“ се одлични за слушање на музика, но и многу се корисни за контролирање на другите апарати во домаќинството.

Поради тоа, воопшто не изненадува тоа што новата генерација на “Echo Plus” звучникот има можност за конекција со останатите паметни уреди во домаќинството и контрола над нив.

“Echo Plus” на прв поглед потсетува на „оригиналниот“ прв “Echo” звучник кој што беше претставен од „Амазон“ пред три години. Меѓутоа, со помош на “ZigBee” опцијата, новиот “Echo Plus” има можност за контрола над другите уреди како на пример светлата, ролетните, бравите и слично.

Кога е во прашање надворешниот изглед, “Echo Plus” е поширок и полесен од неговиот претходник. Достапен е во црна, сива и металик сребрена боја. „Амазон“ кај новиот звучник го унапреди и квалитетот на звукот, а овој паметен звучник ќе се продава по цена од околу 150 долари.

Исто така, унапреден е и виртуелниот асистент “Alexa” кој што е инсталиран на “Echo Plus” и истиот може да препознае каде се другите уреди позиционирани во однос на моменталната положба на корисникот.

Новиот “Echo Plus” може да креира секојдневни сценарија и рутини. На пример, секогаш кога ќе изговорите „добро утро“, новиот “Echo Plus” веднаш ќе ги подигне ролетните и истовремено ќе го вклучи шпоретот, а може и да ја пушти вашата омилена песна.

Сподели.


Коментарите се затворени.