Жената која страда од агорафобија , страв од отворен простор, станала сензација на Инстаграм со нејзините патнички фотографии

0

Анксиозноста е нарушување кое на еден човек може да му внесе страв од надворешниот свет. Некои од нив чувствуваат страв дури и кога го напуштаат својот дом. За Жаки Кен, девојката од Нов Зеланд која живее во Лондон страда од агорафобија, болест која ѝ ги одзеде соништата за истражување на светот.

Но, Жаки со помош на мапата на Гугл најде иновативен начин за да ги истражува далечните земји како Монголија, Чиле и Сенегал и тоа без да излезе од дома.

“Колку повеќе патував, толку повеќе наидував на сцени кои изгледаа како да се извлечени од чуден и експанзивен паралелен универзум. Наидов на оддалечени градови и прекрасни пејзажи, живописни архитектонски камења и анонимни луѓе, сите замрзнати само за момент”, вели Жаки.

Секогаш кога нешто ќе ѝ го попречи патот таа добива инсирација од тоа. Жаки уредува фотографија на нејзиниот лап топ за да ја прикаже латентната убавина и ја објавува на нејзиниот Инстаграм профил. Откако нејзините фотографии и приказна станаа вирални, Жаки стана дел од тимот на Гугл за да ја промовира корисноста на Street View. Таа дури и направила храбар потег патувајќи до Њујорк за да ја прикаже својата работа.

Сподели.


Коментарите се затворени.