10 месечно бебе има 28 килограми, не може да оди, а докторите сметаат дека мајката е виновна за состојбата на бебето!

0

Изабела Пантоха (24) вели дека тежината на нејзиното бебе Луис Мигел се зголемила поради нејзиното добро млеко, но сега и таа е загрижена за неговото здравје.

Се претпоставува дека Луис има Прадер-Вили синдром, односно генетско пореметување проследено со психички и физички абнормалности, како и бихејвиорални проблеми. Уште од најмала возраст, кај детето може да се забележи намален мускулен тонус и поголема потреба за храна, што е случај кај бебето Луис. Но, она што е збунувачки е фактот дека бебето Луис не јаде толку многу.

Луис се роди со 3,5 килограми. Кога имал два месеци имал 10 килограми, а потоа неговата тежина се зголемила за 18 килограми.

Неговите родители отвориле Фејсбук профил и сметка во банка за да можат да соберат доволно пари за лекувањето на нивниот син, по совет на лекарите.

Луис носи облека која е наменета за три годишни деца. Не може да оди, ниту да лази поради неговата тежина, а во болница оди четири пати неделно за тестови.

Хирургот Силвија Орозоко им објаснила на родителите дека неговиот живот би можел да биде во опасност. Сега тие ги исчекуваат резултатите од анализата од САД, а докторите претпоставваат дека моменталната состојба на Луис ја предизвикала неговата мајка, бидејќи тие се сомневаат дека таа не внесувала доволно хранливи материи во нејзиниот организам.

Сподели.


Коментарите се затворени.