Хуманитарен Концерт во Штип за помош на Валерија

0
МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ ЗА МАЛАТА ВАЛЕРИЈА …
Да бидеме хумани и уште еднаш да ја покажеме нашата големина, новолно е да бидеме само луѓе не мора повеќе, доволно е само да пружиме рака за ова прекрасно девојче.
Покрената е иницијатива следниот викенд во ден недела (19.11) да биде организиран голем хуманитарен музички концерт за малата Валерија Зафировска.

Свој настап досега потврдија Зоран Илиев, Панче Касапски, Филип Стевановски Бенд, Рандом Парк, Ѓоко Ѓорчев и Блу Бенд. Во деновите кои претстојат се очекуваат и неколку големи звучни имиња од Македонија да се приклучат со свој настап и придонес кој ќе биде од фундаментално значење за Валерија и нејзиното семејство.
Веќе неколку штипски фирми ја дадоја својата помош преку сметката која е оставена подолу и допринесоа колку толку да се дојде до потребната цифра за спас на Валерија
Ако се согласиме дека единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото, тогаш време е да ја покажеме нашата солидарност, емпатија и големина.

 23517875_1471946339588420_896112137281848799_n

Сподели.


Коментарите се затворени.