Идеални градови за љубителите на џез музиката

0

Џезот е еден од музичките жанрови кој или го сакате или не го сакате, но некои знаат да кажат дека станува збор само за тоа дали го разбирате или не.

Секако, на прво место е светската џез престолнина – Њу Орлеанс, град кој го слави џезот во сите негови облици, вклучувајќи ги соул, госпел и многу други.

Покрај тоа што тој град е местото на раѓање на еден од најголемите џез музичари на сите времиња – Луј Армстронг, Њу Орлеанс буквално живее од џез, па сосема е нормално да го слушнете каде и да се сртите во локалните барови и клубови.

Секако, не може да се прескокне ниту Њујорк.

Доволно е само да се каже дека е во прашање град во кој се наоѓа неповторливиот Бродвеј со своите одлични мјузикли.

Џезот во овој град најмногу се појавува како дел од блуз, а познат е и по големите бендови кои го развија свингот, нешто побрза музика на која можело да се танцува.

Љубителите на џез на оваа мапа не би ја изоставиле ниту Хавана.

Кога станува збор за Куба, џезот потекнува како мешавина од салса, тимба и румба, а може да се слушне скоро на секој чекор.

Музиката за Кубанците е нешто како лек кој секојдневно треба да го земаат и тоа во повеќе наврати.

Париз својата џез приказна ја започнува во периодот за време на Првата светска војна, кога локалното население го запознало преку афроамериканските војници.

По крајот на војната, многу американски музичари одлучиле трајно да се преселат во франуската престолнина и токму тој период бил одбележан како време во кое џезот во Париз го постигнал својот врв.

Отворени се и многу џез клубови и барови кои успешно работата и денес.

И за крај, мало изненадување. Колку и да не ги очекувавте на оваа листа, Јапонците многу сакаат џез.

Врската меѓу Јапонија и џез никогаш во потполност не е објаснета, а се претпоставува дека се започнало во дваесеттите години од минатиот век кога го слушале американските војници на Филипините.

Ако сакате џез, совет и препорака е никако да не пропуштите да го слушнете единствениот стил кој настанал во оваа прекрасна земја.

Џез клубови во Токио нема да најдете на секој чекор, но оние кои постојат се повеќе од впечатливи и незаборавни.

Сподели.


Коментарите се затворени.