13 фотографии поради кои веднаш ќе се спакувате за Австрија

0

Виена е главниот град на Австрија со население од 1,7 милиони жители. Виена се наоѓа во источна Австрија, а според една студија во 2005 година Виена заедно со Ванкувер се наоѓаат на првото место според квалитетот на животот. Исто така, градот е на прво место според културата и иновацијата.

Виена има релативно студена зима со средни температури кои достигнуваат точка на замрзнување, а снег врне од декември до март. За сите вљубеници во зимата и планините, Виена е можеби најдобриот избор за вашето зимско патување.

Еден фотограф од Виена ви ја прикажува неговата земја од аспект каков што до сега не сте ја виделе. Тој вели: “Обожувам да сум на планина, па ако во близина има езеро – џекпот! Сакам да откривам нови места, но понекогаш ги посетувам и оние места на кои веќе сум бил, бидејќи сакам да видам колку природата се променила. Се обидувам да направам фотографии од местата такви како што јас ги гледам и ги споделувам со светот”.

Нека овие фотографии бидат причина и вие да ја посетите прекрасната Австрија, а до тогаш уживајте со следните прикази.

Сподели.


Коментарите се затворени.