Мистериозно чудовиште од длабочините на океанот: Има 300 заби кои се остри како жилет, но тоа не е најморничавото

0

Морското суштество кое веќе пливало во морињата кога диносаурусите шетале по Земјата има повеќе од 300 остри заби и се смета за прототип на чудовиштето кое им создавало ноќни мори на морнарите во минатото.

Португалски рибари успеале да фатат ретка ајкула, која научниците ја опишале како “жив фосил”.

Таканаречената збрчкана ајкула има “необични карактеристики”. Таа била фатена во близина на португалската област Алгарве и се смета дека не е променета во последните 80 милиони години, наведуваат португалските медиуми.

Научниците соопштиле дека оваа риба која е долга 1,5 метар се движи како змија и има повеќе од 300 заби кои се остри како жилет. Се смета дека оваа ајкула е прототип на митските морски чудовиште кои се среќаваат во традиционалните легенди на морнарите низ целиот свет.

Научниците сметаат дека овие змијолики ајкули не се “познати” во смисла на биологијата и животната средина, а истите можат да се најдат во длабочините на Атлантикот, како и во морињата на Австралија, Нов Зеланд и Јапонија.

Сподели.


Коментарите се затворени.