Спектакуларното откритие на загубениот град во Тихиот океан ги предизвикува научниците: Дали е ова доказ дека Атлантида постоела?

0

Новата снимка од древниот изгубен град во Пацификот, поттикнала уште една теорија дека митолошката Атлантида би можела да биде реална.

Благодарение на технолошкиот напредок, археолозите во целост ќе можат да го истражат уништениот град Нан Мадол. Последната епизода од серијата “What On Earth”, која се прикажува на Sciece Channel, покажува снимка од воздух на откриеното подрачје.

Низ градот има канали под влијание на плимата и осеката, и се смета за “Венеција на Тихиот океан”.

“Изгледа дека Нан Мадол претставува прва населба во островската историја на Пацификот. Ако ме прашувате мене, Нан Мадол на врвот од својата моќ бил главен град, седиште на политичка моќ, центар на најважните верски обичаи и место каде се погребувале само најважните лидери”, рекол лидерот на истражувањето, Марк Мекој.

Нан Мадол бил главен град на островската династија Саудерлеур, која низ неколку векови изградила камени структури и ѕидови. Нан Мадол бил седиште на династијата Саудерлеур се до 1628-та година, па се смета за градежно и архитектонско чудо.

Името на градот во буквален превод значи “простор помеѓу”, а се однесува на каналите кои се декорирани со корални платформи. Како што пишува на страните на “Smithsonian”, градбите содржат околу 750.000 тони црн камен, па мистерија е како луѓето тогаш транспортирале толкави парчиња.

Градот е откриен во 1928-та година, и на големо влијаел на книжевникот Х.П Лавкрафт, кој признал дека својот фиктивен град “Р’Лие” го засновал на него.

Сподели.


Коментарите се затворени.