Apple го доби спорот околу патентот “Slide-to-unlock”: Samsung ќе мора да плати 120 милиони долари

0

После неколкугодишен судски процес, Apple конечно го победи Samsung и поради тоа ќе добие обесштетување во висина од 120 милиони долари.

Од Врховниот суд одлучиле да ја одбијат жалбата која што се однесува на случајот за прекршување на патентот, односно пресудата од 2014-та година. Жалбите „се влечеа“ по судовите во следните неколку години, а сега е конечно јасно дека Apple излегува како победник.

Случајот се однесуваше на познатиот патент за отклучување на уредите – “Slide-to-unlock”, како и на патентот за брзите линкови кој што вклучува софтвер за автоматско претворање на информациите како што се телефонските броеви, во линкови.

Судот утврди дека јужнокорејски Samsung ги прекршува двата патенти, а одлуката беше поништена речиси две години подоцна. Потоа повторно беше донесена за помалку од една година. Од Samsung потоа се жалеа до Врховниот суд кој што дефинитивно стави крај на овој случај.

Секако од јужнокорејската компанија порачаа дека не се задоволи од ваквата одлука.

„Нашите аргументи ги поддржаа многумина кои што веруваа дека судот требаше да го анализира овој случај и да воспостави фер стандарди кои што промовираат иновации и го спречуваат злоупотребувањето на системот за патенти“, соопштија од Samsung од каде што тврдат дека пресудата им овозможила на Apple да профитираат.

Ова не е крај на правните борби помеѓу двете компании. Уште еден случај моментално е актуелен и се уште не е донесена пресуда, но во овој случај станува збор за многу поголема тужба.

Apple првобитно го победи Samsung во тужбата вредна една милијарда долари која што подоцна беше намалена на 400 милиони долари. Случајот повторно ќе се биде актуелен во мај кога ќе се расправа околу тоа како ќе се смета обесштетувањето.

Сподели.


Коментарите се затворени.