Snapchat повторно разочара: Најавен е целосен редизајн на апликацијата

0

Откако веќе трет квартал по ред Snapchat разочарува со приходите и бројот на корисници, првиот човек на оваа социјална мрежа, Еван Шпигел најави целосен редизајн на апликацијата.

Snapchat повторно ги разочара аналитичарите од “Wall Street” и во еден квартал оствари приходи кои што не ги исполнија ниту скромните очекувања. Во последното тромесечие, Snapchat забележа приходи од 208 милиони долари што е за околу 12% помалку во однос на очекуваните 237 милиони долари.

Освен тоа, разочарувачка за Snapchat е и скромната бројка на нови дневни корисници која што е зголемена за само 4,5 милиони и сега изнесува вкупно 178 милиони активни дневни корисници.

Ова е трет квартал по ред во кој што Snapchat разочарува со приходите и бројот на корисниците, а тоа веднаш се одрази и на цената на акциите која што падна за речиси 20%. Еден од начините на кои што Еван Шпигел сега сака да направи пресврт на ситуацијата, зголемување на приходите и бројот на корисници е редизајн на апликацијата.

Шпигел пред инвеститорите изјави дека често слуша дека на многу луѓе им е тешко да го сфатат и користат Snapchat и поради тоа, веќе во компанијата подолго време се работи на нова апликација која ќе биде поедноставна и од Snapchat се надеваат дека ќе резултира со зголемување на бројот на корисници.

Интересно е тоа што тој ги предупреди инвеститорите дека не знае како однесувањето на корисниците ќе се промени со промената на апликацијата, но нагласи дека е подготвен да ризикува затоа што верува дека тој ризик долгорочно ќе се исплати. Исто така, тој предупреди дека редизајнот може да резултира со негативни последици, односно Snapchat би можел да го загуби својот „кул фактор“ и да ги одбие досегашните корисници.

Основачот на Snapchat не откри кога можеме да го очекуваме новиот изглед на апликацијата, нешто после што, се чини дека многу работи можат да се променат.

Сподели.


Коментарите се затворени.