Кинеска вселенска станица паѓа кон Земјата: Можно е делови да паднат во нашето соседство…

0

Европската вселенска агенција го намали бројот на можни локации на кои што би можеле да паднат остатоците од кинеската вселенска станица „Тиангонг-1“, која што ќе го дочека својот крај во 2018-та година.

Европската вселенска агенција ја предводи меѓународната кампања составена од 13 вселенски агенции ширум светот, чија што задача е следење на движењето на кинеската вселенска станица.

„Тиангонг-1“ вселенската станица го започна своето конечно спуштање кон површината на Земјата, а како што соопштија од Европската вселенска агенција, најголемиот дел од вселенската станица ќе изгори при влегувањето во атмосферата на планетата Земја.

Според досегашните информации кои што ги собрале бројните вселенски агенции, познато е дека кинеската вселенска станица ќе падне на европско тло, односно спроед пресметките, Шпанија, Португалија, Италија, Бугарија и Грција би можеле да се најдат на „огнената линија“ доколку сите делови не се распаднат при „судирот“ со атмосферата.

Европската вселенска агенција ја превзеде водечката улога во кампањата на “IADC” (Inter Agency Space Debris Coordination Committee), комитет кој што е составен од вселенските агенции на Соединетите Американски Држави, Русија, Јапонија, Индија, Кина, Јужна Кореја и други европски вселенски агенции.

Контакт со кинеската вселенска станица „Тиангонг-1“ не постои од 2016-та година, а истата е напуштена уште во 2013-та година. Се очекува дека неконтролирано ќе влезе во атмосферата на Земјата помеѓу јануари и март идната година.

Сподели.


Коментарите се затворени.