Тој се оженил 120 пати и има 28 деца…

0

Дали некогаш сте помислиле дека е воопшто возможно да се стапите во брак 120 пати и да добиете 28 деца? Тајланѓанинот Тамбон Прасерт сепак ќе ви докаже дека такво нешто е дефинитивно возможно и веројатно, a со тоа поставил и нов рекорд според бројот на венчавки…

Прасерт, којшто живее во тајландската провинција Накорн Најок, неодамна признал дека нелегално се оженил со повеќе од стотина жени. Тој сепак своето признание го направил под притисок, откако локалните новинари ја дознале таа информација.

58-годишниот политичар и претприемал признал дека се оженил со повеќе од 100 жени ширум земјата, и дека со нив добил дури 28 синови и ќерки. Тој и додал дека првата сопруга ја оженил со само 17 години.

– Првиот брак го започнав со 17 години, а мојата прва сопруга беше две години помлада од мене. Заедно имавме три деца. Потоа започнав да стапувам во брак и со други жени. Сите беа претежно девојки помлади од 20 години, бидејќи не сакам постари, тие премногу се караат, изјавил Прасерт.

Но што и да помислите за него, Прасерт, на некаков начин, во секој свој брак излегува дека е вистински џентлмен, со оглед на тоа дека секоја негова сопруга е добро информирана за тоа дека пред неа тој имал и уште неколку бракови и дека и после неа и понатамупланира да се жени.

– Сите мои жени ги почитувам подеднакво. Кај секоја од нив најпрво ги прашувам родителите за одобрување, во рамките со нашите обичаи и традицијата. Сите тие беа присутни на нашите венчавки, додава Прасерт.

Неговата последна сопруга, сепак, е повозрасна од сите претходни. Нејзиното име е Нам Фон и таа има 27 години.
 

Сподели.


Коментарите се затворени.