Се случи и тоа: Виртуелно дете стана официјален жител на Токио

0

Станува збор за вештачка интелигенција развиена од јапонските инжинери која што комуницира со луѓе преку апликација.

Овој виртуелен лик кој што делува како 7-годишно дете стана официјален жител на јапонскиот главен град Токио.

Виртуелното момче чие што име „Мираи“ значи „иднина“, не постои во реалноста, но вештачката интелигенција му овозможува да извршува текстуални разговори со луѓето преку апликацијата “LINE”.

Модерниот кварт Шибуја во Токио, одлучи Шибуја Мираи кој што инаку е првиот таков „виртуелен лик“ во Јапонија, а можеби и во светот, да добие вистинки идентитет и да стане „нормален“ жител на јапонскиот главен град.

Покрај тоа што сака да разговара со луѓето, Мираи исто така сака да фотографира и селфи фотографиите да ги модифицира на забавен начин, а истите ги разменува со тие кои што со него се допишуваат и му испраќаат фотографии.

И додека во јавноста се води расправа околу тоа дали станува збор за робот или вештачка интелигенција, од градските власти објаснија дека Мираи ќе помогне квартот да стане познат, а во иднина би можело да биде овозможено жителите на квартот, доколку му испраќаат пораки, да комуницираат со градските власти.

Неодамна и саудиските власти одлучија да му доделат државјаноство на хуманоидниот робот Софија, дело на познатиот роботичар Дејвид Хенсон. Со тоа, Саудиска Арабија стана првата земја на светот која што му додели државјанство на еден робот.

Сподели.


Коментарите се затворени.