Синдром на хроничен замор

0

Барем еднаш во животот сте ја изговориле или, пак, сте ја слушнале реченицата „Постојано сум многу уморен“. Но, многумина и не знаат што точно значи, и дека зад оваа реченица како причина стојат одредени заболувања.

Проф. д–р Чедомир Димитровски, ендокринолог, објаснува дека синдромот на хроничен замор претставува група симптоми кои го отежнуваат секојдневното функционирање на индивидуата.

Синдрoмот на хроничен замор се карактеризира со екстремен замор што не поминува ни по период на спиење и одмор, и може да се влоши при одредена физичка или ментална активност. Оваа состојба може да се јави во која било возраст, но најчеста е кај лицата од 40 до 50–тите години.

Болести и состојби кои доведуваат до хроничен замор

Проф. д–р Чедомир Димитровски потенцира дека треба да се разликува хроничен замор кој е последица на зголемена нормална активност од хроничен замор предизвикан од болест. „Хроничниот замор може да е последица на една или повеќе медицински состојби и болести. Најчеста причина е нарушување во фукцијата на ендокринолошкиот систем, како и хормоналниот дисбаланс. Тука спаѓаат: болести на надбубрежните жлезди (Адисонова болест), тироидна жлезда (хипотириодизам и хипертиреоидизам), како и дијабетес.“

Други болести и состојби кои можат да бидат причина за овој синдром се:

Анемија

Електролитни нарушувања

Лекови (диеуретици, бетаблокатори и злоупотреба на лекови)

Психолошки (депресија и хроничен стрес)

Срцева слабост, бубрежна и слабост на црниот дроб

Хронични инфективни болести (туберкулоза и ХИВ)

Малигни болести

Невролошки болести (мултипна склероза и мијастенија гравис)

Се јавува и посебен тип хроничен замор за кој е непозната причината и се разликува од горенаведените.

Кои се симптомите и знаците на синдромот на хроничен замор?

Симптомите и знаците на хроничниот замор зависат од причината која довела до ваква состојба. Главен симптом е замор кој е присутен подолго од 4 месеци и кој не поминува по период на одмор и спиење.

Намалена меморија и концентрација

Миалгија (мускулна болка)

Болки во одредени делови од телото и главата

Тахикардија (забрзана работа на срцето)

Неизок крвен притисок

„Нервозно“ дебело црево со дијареа и запек

Вртоглавица

Пречувствителност на бучава и светлина

Нарушување на оската хипофиза-хипоталамус- надбубрежни жлезди

Нарушената функција на надбубрежната жлезда може да биде причина за синдромот на хроничен замор. Ова е последица на намалено производство на хормонот кортизол од набубрежната жлезда. Покрај тоа, причина може да биде нарушување на оската хипофиза – хипоталамус – надбубрежните жлезди, кои заед- но работат во регулирање на нивото на хормони кај човекот. Нарушувањето на кој било дел од оваа оска може да доведе до хормонален дисбаланс и недостиг на хормони како кортизол, алдостерон, естроген, прогестерон, тестостерон и други хормони.

Тироидна жлезда 

Намалената и зголемената функција на тироидната жлезда се едни од причините за синдром на хроничен замор. Може да се манифестира со летаргија, промени во расположние, болки во зглобови и мускули, намалена меморија, тахикардија, главоболка, вртоглавица и слично. Со точна дијагноза и адекватен третман симптомите исчезнуваат.

Инсулин резистентен дијабетес 

Хроничниот замор е честа појава кај пациентите со дијабетес тип 1 и тип 2 (инсулинска резистенција). Симптоми на замор се јавуваат и при високи вредности на шеќер во крвта (хипергликемија) и намалено ниво на шеќер во крвта (хипогликемија).

Електролитни нарушувања

Кај некои пациенти синдромот на хроничен замор e последица на дисбаланс на електролитите во крвта како:

• Хипокалемија – ниско ниво на калиум во крвта кое е поврзано со болести на бубрезите и надбубрежните жлезди.

• Хиперкалцемија – високи вредности на калциум во крвта како последица на зголемена функција на паратироидните жлезди.

• Низок натриум во крвта како резултат на нарушени вредности на надбубрежните жлезди и бубрезите.

Третман

Третманот зависи од поставување на точна дијагноза. Првиот чекор е да се јавите на ендокринолог. Одделот за ендокринологија во „Аџибадем Систина“ ви овозможува дијагноза за еден ден.

Сподели.


Коментарите се затворени.