Вашето тело ве предупредува: Будењето во текот на ноќта може да наговестува дека нешто не е во ред со вас

0

Доколку често се будите во текот на ноќта, тоа може да биде показател на многу душевни и физички тешкотии за кои не сте свесни. Според традиционалната кинеска медицина, во текот на 24 часа енергијата се пренесува во различни органи како тие би можеле да се регенерираат и работат како што треба. Но, доколку со таа енергија нешто не е во ред, тогаш имате проблем.

21.00 – 23.00 ч.

Во овој период се воспоставува баланс на ендокриниот систем кој е задолжен за хормоните и метаболизмот. Доколку имате проблеми со спиењето во тој дел од ноќта, можно е да сте под стрес поради случувањата од изминатиот ден или поради тоа што ве чека во текот на утрешниот ден. Оваа енерија се блокира доколку не се храните правилно.

23.00 – 01.00 ч.

Будењето во ова време од ноќта покажува дека нешто ве измачува, односно дека имате грижа на совест. Тоа е кога јин (женски аспект) енергијата се претвора во јанг (машки аспект). Во тој период е активна жолчката, па доколку се будите тоа е знак дека кознумирате премногу маснотии.

01.00 – 03.00 ч.

Ако најмногу се будите во овој период од ноќта, веројатно сте лути и фрустрирани, односно сте биле полни со негативна енергија во текот на денот, па тоа влијае и на спиењето. Треба да се опуштите, бидејќи овој период од ноќта е од голема важност за вашето тело, кое токму во тој период ги отфрлува отровите и се обновува. Исто така, можеби имате проблем и со црниот дроб, па добро би било да посетите и доктор.

03.00 – 05.00 ч.

Тага и болка се причините поради кои се будите во ова време, но исто така ако ви е студено додека спиете. Постои можност да имате проблем и со белите дробови или доколку немате доволно кислород во организмот.

05.00 – 07.00 ч.

Во овие часови активно е дебелото црево, а токсините кои за време на ноќта се деградирани, полека излегуваат од телото. Доколку сте јаделе многу доцна или јадете нездрава храна може да биде причина за будење во овие часови.

Сподели.


Коментарите се затворени.