iPhone X нема лесно да се оштети, но која е неговата “Ахилова пета”?

0

JerryRigEverything e YouTube канал кој е познат по тестовите за издржливост на телефони, а овојпат на ред бил iPhone X.

iPhone X нема да се искриви, лесно изгребе или запали, но еднаш кога ќе ви падне, готов е засекогаш.

Предниот дел на iPhone X е подложен на гребење како и секој друг телефон, но добрата работа е тоа што не можете да го изгребете со предмети како клучеви или железни монети.

Задниот дел му е прикриен со стакло, што е лошо, бидејќи вашиот телефон е готов во оној момент кога ќе ви падне, а причина е заменската цена од 549 долари која е нереална и многу висока.

Сепак, iPhone X има фантастична камера од 12 мегапиксели и телефото леќа. Страните се изработени од нерѓосувачки челик, а Apple за првпат користи OLED дисплеј, кој сепак не е ништо ново кога е во прашање светот на Андроид. Тестот на топлина го поремети сензибилноста на дисплејот и го уништил олеофобичниот слој.

Познатиот јутјубер пробал да го свитка овој телефон, но на iPhone X немало никаква штета, па затоа е оценет како “неверојатно цврст телефон”.

Сподели.


Коментарите се затворени.