Јунакот од Тексас го опишал пукањето и опасната потера по масовниот убиец

0

Мажот кој американската јавност го слави како “вистински патриот и јунак”, ја опишал опасната потера по убиецот кој во неделата извршил масакр во црква во Тексас и убил најмалку 27 луѓе.

Џони Лангендорф раскажал дека се возел во близина на црквата во Сатерленд Спрингс, кога видел двајца мажи како пукаат еден во друг. Потоа видел како напаѓачот идентификуван како Девин Кели, бега во својот автомобил, и тогаш му пришол член на локалната заедница и му побарал помош.

Вперил пушка во напаѓачот, а тој не се движел

Лангендорф за локалната ТВ станица KSAT рекол: “Дојдов до раскрсницата каде имаше пукање. Видов двајца мажи како пукаат, еден беше член на заедницата. Кога напаѓачот побегна, друг маж ми пријде и ми кажа дека мораме во потера. Веднаш го послушав”.

Додал дека напаѓачот забрзал, но дека наскоро го стигнале: “Возевме со брзина од околу 150 километри на час. Наскоро напаѓачот забави и му се доближивме на неколку метри, а потоа тој скршна од патот. Изгуби контрола, а ние застанавме. Господинот кој беше со мене излезе и впери пушка во него, а тој не се движеше”.

“Делував инстинктивно и ја направив правилната работа”

Додал дека полицијата пристигнала седум минути подоцна и го обиколила автомобилот на Кели, и дека потоа не видел ништо. Исто така додал дека реагирал инстинктивно: “Се обидов да го фатам и да биде уапсен. Само го направив тоа што е правилно”.

Неговата Фејсбук страна подоцна била преплавена со пораки за благодарност: “Браво Џони. Ти си вистински патриот и јунак. Ти благодарам што си им помогнал на луѓето во ваков ужасен момент”.

Сподели.


Коментарите се затворени.