Оставете моден белег со колекцијата есен/зима на брендот Астибо

0

Оставете моден белег со колекцијата есен/зима на брендот Астибо – уште денес Ревијално претставување кое наговестува сезона на висок моден стил, македонскиот моден бренд Астибо, заштитен бренд на интернационално ниво од модната куќа Астибо Basic, останува ненадминлив во умешноста да се креира, скрои и претстави совршеното парче облека за Вас. Новата есенска колекција есен/зима 2017/2018 веќе го има своето заслужено место, секако на македонскиот пазар, но и на пазарите на поранешните југословенски републики – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Косово и Албанија, благодарение на неуморното следење на трендот на женската мода и посетата на значајните светски саеми кои секогаш значат инспирација и иницираат избор на ткаенини од реномирани производители надвор од нашата земја. Најновата колекција ќе Ве освои со смело застапените бои, ткаенините од закард, цветните принтови – актуелни за оваа сезона, етно дезените… Прибирливоста, својствена за вкусот на жената , е мотивот да се остане достоен во потрагата за префинетост, што за Астибо Basic, претставува задоволство со кое константно освојува маркети и купувачи ширум светот. За квалитетот на изработката, зборува и соработката и производството за повеќе познати европски модни брендови, меѓу кои, со одличната соработка се издвојува и големиот Karl Lagerfeld- Chanel. Развојната компонента на брендот Астибо е доверена на стручно квалификуваниот кадар, напорна работа и неуморната енергија која цели на успех, задоволни клиенти и задоволни купувачи. Страста кон работата и кон креирањето нешто поинакво, единствено, со светски признак, но претпознатлив македонски квалитет, резултираше со нова колекција есен/зима на брендот Астибо, достапна за Вас уште денес!

DSC_3112 DSC_3127 DSC_3131 DSC_3154 DSC_3185 DSC_3195 DSC_3197 DSC_3200 DSC_3228 rev-123 rev-137 rev-192 rev-203 rev-215 rev-228 rev-234 rev-248 rev-267 rev-296 rev-317 rev-383 rev-400 rev-417 rev-458 rev-468 rev-483 rev-498 rev-527 rev-533 rev-540 rev-577 rev-603 rev-608 rev-624 rev-648 rev-664 rev-668 rev-691 rev-708 rev-736 rev-743 rev-778

Сподели.


Коментарите се затворени.