Samsung Galaxy S9 пристигнува кон почетокот на 2018 година, но нема да има две важни работи?

0

Samsung би можел да тргне по стапките на Apple доколку ги отфрли овие две работи.

Компанијата на својот претстоен предводник, телефонот Galaxy S9 би можел да отстрани две важни работи – портот за слушалки и скенерот за отпечаток на прст.

Се очекува јужнокорејскиот гигант да го претстави новиот смартфон во почетокот на 2018 година.

Неодамна имавме можност да дознаеме дека Samsung поднел барање за заштита на патент во врска со помал, воедно и побрз скенер за отпечаток на прст. Според изворот, новиот скенер би требало да се наоѓа на предната страна на уредот.

Меѓутоа неколку дена подоцна, Ice Universe објави дека споменатиот скенер нема да биде дел од “деветката” на Samsung, што во превод значи дека овој модел би требало да се потпира исклучиво на 3D системот за препознавање на лице.

ден друг извор (techdroider) потенцира дека 3,5-милиметарскиот аудио порт исто така би требало да биде отстранет од финалниот производ. Истиот извор ги објавил и наводните спецификации на уредите Galaxy S9 и Galaxy S9+, кои исто така потврдија дека Samsung се откажува од 3,5-милиметарскиот аудио порт.

Според нив, димензиите на моделот Galaxy S9 ќе бидат 144,1 x 68,1 x 8,0 милиметри, екранот ќе има дијагонала од 5,8-инчи и од двете страни на уредот ќе се наоѓаат по две камери (2x 16 MP позади и 2 x 12 MP напред). Зa Plus моделот се споменуваат димензиите од 155,2 x 73,4 x 8,1 милиметри, 6,2-инчен екран со иста конфигурација и резолуција на камерите.

Двата модели ќе имаат сертификат IP65/68 кој гарантира дека идната „деветка“ ќе биде отпорна на вода и прашина.

Меѓутоа додека самиот производител не ги соопшти спецификациите, горенаведеното мора да се смета само за шпекулација која на крајот може, но и не мора да се покаже како точна.

Сподели.


Коментарите се затворени.