ЦИА објавила тајни снимки, документи и дневници на Осама бин Ладен

0

Американската Централна Агенција за Истрага (ЦИА) објавила документи и снимки кои биле пронајдени во куќата каде бил убиен Осама бин Ладен во 2011 година во Пакистан, јавува АФП.

Истражувачите кои претходно имале увид во збирката на тајни документи велат дека има снимки од венчавката на синот на Бин Ладен и дневник на поранешниот шеф на терористичката организација Ал Каеда.

“Овие документи им овозможуваат на американците да имаат темелна претстава во плановите и делувањето на терористичката организација”, вели директорот на ЦИА, Мајк Помпео.

ЦИА на Интернет објавила 470.000 документи кои биле пронајдени во мај 2011 година во Аботабада каде се криел Бин Ладен заедно со неговото семејство.

На снимките прво се гледа лицето на Хамза бин Ладен, најстариот син на Осама, за време на неговата венчавка која била одржана на иранска територија.

Сподели.


Коментарите се затворени.