Автомобили без возачи: Еве кога ќе пристигнат автомобилите на иднината

0

Според извршниот директор на Nvidia, целосно автономните автомобили чии што компјутери самостојно ќе управуваат со воланот, можеме да ги очекуваме за четири години.

Познато е дека голем број на технолошки и автомобилски гиганти работат на развој на автономните автомобили, а иако од Google и GM веќе претставија автомобили кои што се целосно автономни, сепак за првите комерцијални верзии ќе мора да почекаме уште некое време.

Одговорот на прашањето кога автономните автомобили ќе ги гледаме на патиштата ширум светот го даде Јенсен Хуанг – извршниот директор на Nvidia, компанија која што иако е најпозната по производството на компјутерски графички карти, меѓу другото, се занимава и со производство на чипови за “AI” системи.

Хуанг смета дека автономните автомобили ќе се појават на патиштата во рок од четири години, а според некои аналитичари, до 2021-ва година најголем удел на пазарот на чипови базирани на вештачка интелигенција кои што ќе ги „движат“ автономните автомобили ќе има токму Nvidia.

Со оглед на улогата која што Nvidia веќе ја има на овој пазар, зборовите на извршниот директор Хуанг треба да се сфатат сериозно.

Освен Хуанг, слични предвидувања за пристигнувањето на автономните автомобили во следните четири до пет години имаа и бројни автомобилски компании кои што работат на развој на оваа технологија, како што се Tesla, Audi, Ford, GM, Nissan, Google и други.

Сепак, кога ќе се појават ваквите автомобили во продажба, прашање е на кои пазари ќе можат да се користат, затоа што ќе бидат потребни бројни законски измени во државите ширум светот, како и современа патна инфраструктура.

Сподели.


Коментарите се затворени.